Вонредна седница на СБ на ОН за теснината Баб ал-Мандеб


Советот за безбедност на Обединети нации денеска ќе одржи вонредна седница за ситуацијата во стратешки важната теснина Баб ал-Мандеб.

Седницата ќе се одржи во 15 часот по локално врема на барање на Бахреин, Данска, Франција, Велика Британија, Грција и Летонија поради ескалацијата на граѓанската војна во Јемен.

Покрај 15-те земји-членки на СБ на ОН на седницата ќе присуствуваат и претставници на Јемен и Саудиска Арабија.

Во последна офанзива Хутите напредуваа кон теснината Баб ал-Мандеб, со што се олеснуваат нивните напади врз комерцијалните бродови.

Јеменските владини сили поддржани од Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, и бунтовниците Хути, поддржани од Иран, се борат за превласт од 2014 година. Хутите контролираат големи делови од земјата, вклучително и Сана, каде што бунтовниците воспоставија своите политички институции. Меѓународно признатите јеменски власти се протерани од Сана во Аден. Судирите доведоа до една од најлошите хуманитарни кризи во светот.

Доколку бунтовниците ја преземат целосната контрола врз теснината Баб ал-Мандеб, тоа би била голема стратешка предност за Иран во војната со САД. Теснината Баб ал-Мандеб од почетокот на војната во Иран се користи како алтернативна трговска рута на блокираната Ормуска Теснина. Теснината Баб ал-Мандаб е од посебно значење за Саудиска Арабија

Теснината Баб ал-Мандеб го поврзува Црвеното Море со Аденскиот Залив. И двата се дел од поморска транспортна рута што се протега од Средоземното Море преку Суецкиот канал до Индискиот Океан, што е најкратката морска рута помеѓу Европа и Азија.

Back to top button
Close