САД пренасочуваат дел од парите наменети за воена помош за Европа кон Централна и Јужна Америка


Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп пренасочува десетици милиони долари американска воена помош, наменети за земјите во Европа и Блискиот Исток, за поддршка на конзервативните влади во Централна и Јужна Америка.

Стејт департментот денеска го извести Конгресот дека ќе пренасочи 52 милиони долари од Фондот за странска воена помош, првично наменет за Словачка, Северна Македонија, Тунис и Ирак, кон Панама, Перу, Еквадор и Колумбија. Но, пренасочувањето не го елиминира финансирањето на воените потреби во Тунис, Ирак, Северна Македонија или Словачка.

Државниот секретар Марко Рубио минатата недела ги посети Колумбија, Еквадор и Перу и вети дополнителна поддршка.

– Средствата ќе бидат искористени за „борба против наркотероризмот во нашето непосредно соседство и за продолжување на обезбедувањето на Панамскиот канал. Овие средства ќе ги спречат противниците да воспостават стратешки упоришта на нашата хемисфера, се наведува во соопштението на Стејт департментот.

Back to top button
Close