Русија соопшти дека нападнала две украински пристаништа во Црното Море

Министерството за одбрана на Русија соопшти дека армијата нападнала ферибот и танкер во две украински пристаништа во Црното Море.

 

Фериботот бил погоден во пристаништето Черноморск во регионот Одеса, а танкерот во пристаништето на градот Измаил во истиот регион.

 

Според руското МО, двата брода биле користени за снабдување на украинската армија.

 

Во соопштението се посочува и дека руските сили нападнале товарен воз во Пивден, во близина на украинскиот град Одеса.

Back to top button
Close