Во 2025 година во светот биле убиени најмалку 124 еколошки активисти
Минатата година ширум светот беа убиени најмалку 124 еколошки активисти, се наведува во извештајот објавен од невладината организација Глобал Витнес.

Повеќето од жртвите беа припадници на домородните народи или земјоделци, а чести мети на напади беа оние кои се противеа на рударење, сеча на дрва, незаконското користење на земјиште и енергетски проекти.
Колумбија остана најопасна земја за „еколозите“ четврта година по ред, со 39 евидентирани убиства.
Втора најопасна земја за еколозите е Бразил со 26 жртви, а потоа следат Хондурас и Филипините, со по 12 жртви, се наведува во годишниот извештај на организацијата.
Јужна Америка е одговорна за 85% од сите убиства, што го прави најсмртоносниот регион во светот за еколозите секоја година откако Глобал витнес почна да ги објавува своите годишни извештаи во 2012 година.
Бројот на жртви на глобално ниво е намален во споредба со претходните години, но организацијата предупредува дека реалната бројка е веројатно поголема бидејќи многу случаи остануваат непријавени.






