Тензично на демонстрациите во Косово

Во Приштина продолжуваат протестите поради денешната пресудата за водачите на Ослободителната војска на Косово. Група демонстранти фрлаше камења врз зградата на владата во Приштина, при што се скршени неколку прозорци.
По протестите пред седиштето на ЕУЛЕКС во Косово Поле, илјадници демонстранти се вратија во центарот на Приштина, на плоштадот Скендербег пред Владата на Косово.
Некои од демонстрантите, фрлаа камења пред ЕУЛЕКС, истото го направија и пред косовската влада. Тие, исто така, скандираа „ОВК, ОВК“ и имињата на денеска осудените водачи на ОВК.
Пред косовската влада има значителен број полицајци, а распоредени се и припадници на специјалните сили.
Специјалниот суд за Косово во Хаг денеска ги осуди четворица лидери на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, на повеќегодишни затворски казни.






