За Палестинската самоуправа одбивањето на САД да му издадат виза на Махмуд Абас за ГС на ОН е „неоправдано“

Палестинската самоуправа денеска ја осуди одлуката на САД да одбијат да им издадат американски визи на нивните претставници, вклучувајќи го и претседателот Махмуд Абас, за учество во општите политички дебати на 81-та годишна сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк следната недела, објавија француските медиуми.

Палестинското Министерство за надворешни работи ја нарече одлуката „неоправдана мерка што е спротивна на напорите за враќање на довербата, развојот на палестинско-американските односи и создавање на потребната политичка клима за решение со две држави (Израел и Палестина), а со тоа и постигнување мир и стабилност“.

Back to top button
Close