Црна Гора е одлучна – очекува Договор за членство во ЕУ во втората половина од 2027 година

Подгорица очекува финализирање на Договорот за пристапување во за време на литванското претседателство со Унијата бидејќи како што нагласи црногорската министерка за европски прашања Маида Горчевиќ ,Црна Гора на дело покажува дека може да ги исполни своите европски обврски и да стане кредибилна земја-членка на Унијата.

За време на работната посета на Литванија, таа истакна дека Црна Гора ги финализира своите реформи со цел да ги затвори преостанатите поглавја од преговорите до крајот на годината.

„Во првата половина од следната година, за време на литванското претседателство со ЕУ, очекуваме финализирање на Договорот за пристапување“, изјави Горчевиќ во Вилнус, каде што се сретна со заменик-министерот за надворешни работи на Литванија Сигитас Миткус и пратеникот во литванскиот парламент – Сејмас, Ремигиус Мотузас.

Горчевиќ, како што соопшти црногорското Министерство за европски прашања, размени мислења со соговорниците за последните чекори што ги презема Црна Гора со цел затворање на сите преговарачки поглавја до крајот на годината, како и за финализирањето на Договорот за пристапување и важноста на јавната поддршка за прием на нови членки на ЕУ. Таа рече дека Црна Гора јасно го зацрта својот пат кон ЕУ.

 

Back to top button
Close