ПРОТЕСТЕН СОБИР ЗА СОЛИДАРНОСТ СО ЛГБТИК+ АКТИВСТИТЕ ВО ТУРЦИЈА
Скопска парада на гордоста (група граѓански активисти) одржа мирен протестен собир во солидарност со ЛГБТИ+ активистите во Турција. Пред турската амбасада во Скопје се собраа локални активисти за човекови права и ЛГБТИ+ активисти за поддршка на соборците од Турција.

Од 12 септември 2026 година, ЛГБТИ+ лицата, организациите и активистите во Турција се соочуваат со координиран бран приведувања, притворања, дигитални ограничувања и сè поизразено јавно таргетирање во рамките на операциите „Моето семејство е безбедно“.
Засегнатите здруженија вклучуваат 7 организации за правата на ЛГБТИ+ лицата и 2 организации што работат со луѓе што живеат со ХИВ. Во врска со операциите се приведени најмалку 116 лица, од кои 44 се бранители на правата на ЛГБТИ+ лицата. На најмалку 82 лица им е определен притвор до судењето. Меѓу притворените, најмалку 25 се ЛГБТИ+ активисти или лица поврзани со ЛГБТИ+ здруженија, вклучително и основачи и членови на органите на здруженијата.
Граѓанското општество го смета наративот „Моето семејство е безбедно“ за димна завеса која треба да го одвлече вниманието на јавноста од длабоките економски кризи и од вистинското семејно насилство, користејќи морална паника за да ги направи жртвени јарци бранителите на правата на ЛГБТИ+ лицата, кои долго време се цел на владата.
Настаните се придружени со сè поголеми ограничувања на слободата на изразување и на lпристапот до информации. Покрај ЛГБТИ+ организациите и активистите, ограничени се и профилите на социјалните мрежи на новинари, организации за човекови права и чинители штоизразуваат солидарност со ЛГБТИ+ заедниците или споделуваат информации за операциите.
На протестниот собир во Скопје, во своите обраќања, активистите порачаа:
„Денеска стојам тука и зборувам во поддршка на нашите некрвни семејства во Турција затоа што тоа е најмалку што можам да го направам. На моменти се чувствувам беспомошност. Ме облеваат такви бранови секој пат кога ќе ги видам снимките како на ЛГБТИК+ активистите во Турција им влегуваат во домовите, во канцелариите, им ги претресуваат фиоките и бараат материјали како да се најкрупните криминалци. Ме парализира и стравот дека не сме ни ниетолку далеку од ваква погибија. Во многу позавиена форма. Што доаѓа како политичка реторика, а не како оркеститрирана акција. Барем не се уште. Па така, можеби се уште владата ни влегла во домовите, но со својата реторика поттикнува и ЛГБТИК+ активистите тука да живеаат во реалноста на дупнати гуми на нашите автомобили, исплукани шлајмови пред нашите врати и тепање поради тоа кои сме, опструкција на нашата работа и смртни закани во нашите организациски и приватни профили. “
„Меѓу активистките погодени од овие случувања има две жени што ги познавам лично- Жансет и Дамла. И кога ги познаваш луѓето, сето ова добива сосема поинаква тежина. Затоа што зад вестите за апсења и притворања не гледаш само бројки. Гледаш луѓе со кои си разговарала, луѓе што си ги сретнала, луѓе што ја водат истата борба што ја водиме и ние овде. Да бидеш транс не е криминал. Да бидеш геј, лезбејка, бисексуалец или интерсекс лице не е криминал.






