Руски дрон уби свештеник и повреди уште четворица

Русија нападна манастир во Херсонскиот регион во јужна Украина, при што загина еден свештеник и беа ранети четворица други, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зеленски на Икс напиша дека во вчерашниот напад е користен дрон FPV, односно беспилотно летало чиј пилот ја гледа сликата од перспектива на леталото во реално време.

Регионалните власти соопштија дека Русија го нападнала манастирот и селото Червоњи Мајак покрај реката Дњепар, која ги разделува украинските и руските сили.

Зеленски, исто така, пријави напади врз критична и цивилна инфраструктура во регионите Харков, Суми и Одеса, како и напади врз станбени згради во регионите Дњепропетровск и Запорожје. Други региони беа исто така нападнати од претходната вечер, рече тој.

Според Зеленски, минатата недела Русија употребила над 2.000 беспилотни летала, 1.700 клизни бомби и 19 крстосувачки и балистички ракети.

Русија ја започна својата инвазија на Украина пред повеќе од четири и пол години.

Back to top button
Close