Трамп откри воена намена за големиот триумфален лак кај Арлингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека планираниот триумфален лак, висок околу 76 метри, кај Националните гробишта Арлингтон ќе има и воена намена, покрај првичната идеја да биде изграден како споменик по повод 250-годишнината од независноста на САД.

Трамп наведе дека објектот ќе биде „врвен воен комплекс“, со снајперисти на покривот и на просторот околу лакот, како и со можност за сместување и брзо распоредување на голем број дронови и складирање големи количества снајперска муниција.

Планираниот триумфален лак треба да биде висок околу 76 метри и да се наоѓа на Memorial Circle, меѓу Меморијалот на Линколн и Националните гробишта Арлингтон. Со тоа би бил повисок и од Триумфалната капија во Париз.

Проектот, сепак, сè уште ги нема сите потребни одобренија. Националната комисија за планирање на главниот град на почетокот на септември сè уште не дала конечно одобрение, а проектот е предмет и на судска постапка по тужба на ветерани кои сметаат дека изградбата би ја нарушила историската визура меѓу Вашингтон и Арлингтон.

Федералната управа за воздухопловство во меѓувреме оцени дека објектот не би претставувал опасност за воздушниот сообраќај доколку биде соодветно означен и осветлен.

Трамп и претходно ги поврзуваше големите градежни проекти во Вашингтон со националната безбедност. Слично ја опишува и новата сала во Белата куќа, која првично беше претставена како простор за државни вечери и други големи настани.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close