САД, Данска и Гренланд потпишаа договор за безбедноста на арктичкиот остров
САД, Данска и Гренланд потпишаа договор за безбедноста на арктичката територија на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.
Договорот го потпишаа Трамп, данската премиерка Мете Фредериксен и Јенс-Фредерик Нилсен, лидерот на островот кој е под управа на Данска.
Трамп во својот говор изјави дека САД планираат две големи нови воени бази на Гренланд.
Владите на сите три земји објавија ненадеен напредок во спорот околу островот само неколку дена претходно, потсетува ДПА. Трамп повеќепати се закануваше дека ќе го анектира Гренланд кон САД






