Загина возач откако со товарно возило излетал од патот Струмица–Радовиш


Едно лице го загуби животот во тешка сообраќајка што денеска се случила на магистралниот пат Струмица–Радовиш.

Несреќата била пријавена околу 12:40 часот, на делницата меѓу Василево и Владевци.

Според првичните информации, товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки излетало надвор од коловозот, при што возачот починал.

Смртниот исход го потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова.

Поради несреќата, сообраќајот на патниот правец Струмица–Радовиш е во прекин. Полициски екипи се на местото и вршат увид за утврдување на околностите под кои дошло до несреќата.

Се очекуваат официјални информации од надлежните за несреќата.

Back to top button
Close