Малолетник во Матејче прободен од врсници

Двајца малолетници од село Матејче, липковско, биле лишени од слобода откако со остар предмет нападнале 16-годишник, кој се здобил со тешка телесна повреда.– На 29.09.2026 во 00:30 часот полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода двајца малолетници од село Матејче, липковско, затоа што во истото село со остар предмет нападнале 16-годишник, кој се здобил со тешка телесна повреда и бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош, информираат од МВР.

„По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР

Back to top button
Close