Десетгодишно дете е тешко повредено во сообраќајна несреќа во Скопје

Десетгодишно дете од Скопје е тешко повредено откако било удрено од автомобил „шевролет“, управуван од 70-годишна скопјанка. Несреќата се случила во неделата во 19:45 часот на крстосницата од улицата „Христо Татарчев” и улицата „Франк Харкорт Манинг” во Скопје.

„Пријавено е дека 70-годишната М. Г. од Скопје, управувајќи патничко возило ‘шевролет’ со скопски регистарски ознаки, удрила во 10-годишно дете од Скопје“ информираат од МВР.

Детето се здобило со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Свети Наум Охридски” во Скопје.

Back to top button
Close