Сочувај го вкусот, сочувај ја традицијата- петти Фестивал на биодиверзитет во Скопје

Во организација на Слоу Фуд Водно, во сабота, 3 октомври, од 10 до 17 часот, во Фонтаната во Градскиот парк во Скопје ќе се одржи петтиот Фестивал на биодиверзитет со мотото „Сочувај го вкусот, сочувај ја традицијата“.

Фестивалот е посветен на богатството на природата, зачувувањето на локалните сорти, традиционалното земјоделско наследство и поддршката на локалните производители. Посетителите ќе имаат можност да ги запознаат производителите, да дегустираат локални производи и да дознаат повеќе за значењето на зачувувањето на биодиверзитетот и традиционалните земјоделски практики.

Во фокусот на годинашното издание е скопскиот јабучар – стара и препознатлива локална сорта домат, карактеристична по својот автентичен вкус и значајна за традиционалната скопска градинарска култура.

Токму преку ваквите примери фестивалот ја истакнува поврзаноста меѓу природното богатство, земјоделското наследство, културата и храната што ја имаме на трпезата.

На истата локација, ќе се одржи и “Ден на граѓанските организации“, во организација на Цивика мобилитас, со дополнителни содржини и активности за граѓаните.

За посетителите се подготвени интерактивни работилници, активности за млади, дебати и презентации, како и музичка програма и магионичарско шоу, со што фестивалот ќе понуди содржини за сите генерации.

Фестивалот е реализиран со поддршка од Град Скопје We Effect и Слоу Фуд Македонија

Back to top button
Close