Силни експлозии во главниот град на Јемен, контролиран од Хутите, објавија локалните медиуми и сведоци

Силни експлозии се слушнаа денеска во главниот град на Јемен, Сана, контролиран од Хутите.

Медиумите поврзани со борците поддржани од Иран објавија дека саудиските сили извршиле напади во градот, објавија светските агенции.

Борбите меѓу Хутите и Саудиска Арабија, која се граничи со Јемен, не покажуваат знаци на смирување, при што кралството редовно спроведува воздушни напади врз бунтовниците, кои исто така се борат со јеменските владини сили поддржани од Саудиска Арабија.

Телевизијата Ал-Масира, поврзана со Хутите, објави за „саудиска агресија врз Сана“, без да даде дополнителни детали, вклучително и дали нападот предизвикал жртви.

Претходно денеска телевизијата објави дека „саудискиот непријател ја таргетира телекомуникациската мрежа во регионот Саада со ракети“, осврнувајќи се на бунтовничкото упориште во северен Јемен. Хутите веќе ја обвинија Саудиска Арабија за бомбардирање на Сана вчера и завчера.

Back to top button
Close