Филипче: Се потврди сè што зборувавме досега, македонскиот идентитет е заштитен

„Се потврди сè што зборувавме до сега. Идентитетот зачуван, потврден со Преспанскиот договор. Јазикот потврден со договорот Фронтекс, потпишан на чист македонски јазик. И кој е сега предавник? Не е СДСМ. Предавник и предавници се Христијан Мицкоски и неговата банда, коишто држејќи нè во изолација го загрозуваат нашиот идентитет”, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

 

„После посетата на претседателката Фон дер Лајен, остана само едно прашање – кој е сега предавник? Сите лаги на Христијан Мицкоски паднаа во вода. Претседателката на ЕК кажа јасно и гласно, ве чекаме во Европска Унија со вашиот идентитет и вашиот јазик”, рече Филипче.

Филипче посочи дека со ова се потврдува дека македонскиот идентитет не е загрозен со европските интеграции, туку дека тој е заштитен.

Нема Христијан повеќе што да лаже. Не може повеќе да глуми патриот кој ги штити националните интереси, поради тоа што вистината е дека тие се заштитени и никој, никогаш, на ниту еден начин, нема да може да ни ги одземе. Христијан не е задоволен од посетата, нормално, затоа што претседателката Фон дер Лајен му ја одзеде лагата. Тој веќе таа лага нема да може да ја користи. Па, има ли некој што сè уште им верува? Има ли некој што верува дека овие луѓе, како што сакаат да се претстават, се патриоти, го штитат идентитетот, јазикот, културата итн.? Кога од сите европски инстанци, а веќе и кај нас, созреа мислењето, се разобличуваат лагите и јасно е дека овие луѓе со лага дојдоа на власт, глумејќи патриоти, и сега со лаги сакаат на власт да останат. Се потврди сè што зборувавме до сега. Идентитетот зачуван, потврден со Преспанскиот договор. Јазикот потврден со договорот Фронтекс, потпишан на чист македонски јазик”, порача Филипче.

Back to top button
Close