Медведев по дисквалификацијата без поени и без пари во Пекинг

Данил Медведев секако долго ќе го памети годинашново полуфинале со Новак Ѓоковиќ во Пекинг. Тој беше пред елиминација, на Ѓоковиќ му беа потребни три поени при водство од 1:0 во сетови и 5:3 во гемови.
По еден загубен поен, веќе завршен Медведев неконтролирано го удри топчето, кое заврши на трибините во главата на еден од навивачите. Реагираше судијата на стол Мохамед Лијани, а потоа и супервајзорот и Медведев заработи дисквалификација.
Дисквалификацијата значи дека нема да ги освои поените од овој турнир (200 поени) и парите за пласманот во полуфиналето (219.295 американски долари).






