Апелација ја укина ослободителната пресуда за таткото на Вања Ѓорчевска,

Апелацискиот суд ги потврдени доживотните казни затвор за Љупчо Палевски Палчо, Велобор Манев, Боре Видевски и на Влатко Кешишев, но ја укина пресудата за таткото на Вања, Александар Ѓорчевски кој беше ослободен од вина.

Судиите што постапувале во случајот сметаат дека Основниот кривичниот суд Скопје не ги ценел доволно доказите на Јавното обвинителство (ЈО) против Ѓорчевски, пренесе мкд.мк

„Нашата препорака е да се изврши преоценка на доказите, со конкретни укажувања, особено на исказите на обвинетите дадени во Јавното обвинителство, исказот на мајката на Вања Ѓорчевска и пораките во вибер-комуникацијата“, кажаа на вчерашната средба со новинарите судиите од скопскиот Апелациски суд.

Претходно, од Кривичниот суд информираа дека по добивањето на пресудата веднаш ќе закажат ново судење за Александар Ѓорчевски.

Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа убиени во ноември 2023 година.

…

Повеќе

Back to top button
Close