Лекорну: Во немирите се уапсени 1.200 демонстранти, 150 полицајци се повредени

 Францускиот премиер Себастијан Лекорну потврди дека во немирите низ Франција се уапсени 1.200 демонстранти и оцени дека за време на протестите се случило „неприфатливо ниво на насилство“.

За време на обиколката и прошетката низ улиците на Париз, во придружба на силни полициски сили, Лекорну порача дека „правдата ќе биде задоволена“, пренесува француската телевизија БФМ.

Лекорну, исто така, соопшти дека 150 полицајци и жандарми се повредени во немирите низ целата земја.

Back to top button
Close