„Вашингтон пост“: Админстрацијата на Трамп се уште не ја одобрила испораката на ракети „Патриот“ за Украина
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп не ја одобрила испораката на ракети-пресретнувачи за противвоздушните системи „Патриот“ за Украина, објави весникот „Вашингтон пост“.

Според информациите на весникот, американскиот министер за одбрана Пит Хегсет досега не ја одобрил испораката на ракети за Украина нарачани и платени од други земји.
Тој не ја блокирал испораката, но сè уште не ги завршил неопходните процедури за нејзино одобрување, наведува „Вашингтон пост“.
Ракетите се произведуваат во САД и се испорачуваат во странство врз основа на договор според кој нивното предавање на трети земји бара согласност од Вашингтон.
Минатата недела „Си-Ен-Ен“ објави дека се исцрпени залихите на ракети за системите „Патриот“ што Киев ги користи за одбрана на земјата од руските напади со беспилотни летала и ракети






