По деценија ипол во Канал 5, Татјана Стојановска се сели на друга телевизија
По деценија ипол во Канал 5, Татјана Стојановска се сели на друга телевизија

Едно од најпрепознатливите и најомилените телевизиски лица во Македонија, Татјана Стојановска, официјално си замина од Канал 5 телевизија.
По цели 15 години поминати како заштитен знак на оваа медиумска куќа, шармантната презентерка одлучи дека е време да го затвори ова поглавје и да се спакува за нова професионална адреса.
Гледачите се изненадени, но за Тања ова е само уште еден смел чекор напред. Она што сите ги интересира е – каде продолжува? Таа веќе официјално потврди дека се приклучува на тимот на Алфа ТВ, каде што повторно ќе го прави она во што е ненадминлива: ќе ги презентира централните вести пред македонската јавност.
-Се радувам на новото поглавје во мојата кариера и на можноста да бидам дел од тимот на Алфа ТВ, каде што заедно ќе работиме во интерес на гледачите и јавноста- изјавува таa за „Женски магазин“.
Овој трансфер не е само обична промена на работното место, туку продолжување на една брилијантна кариера која трае со децении. Стојановска со години е синоним за дикција, елеганција, објективност и неверојатна харизма пред камерите.
Нејзиниот професионален пат е вистинска хронологија на македонскиот телевизиски развој.
За потсетување, Татјана во МТВ ги постави цврстите темели на својата професија, учејќи го занаетот во време кога критериумите за појавување на екран беа на највисоко ниво. Потоа, 7 години беше дел од А1 телевизија, за следните 15 години да продолжи во Канал 5.






