Серија земјотреси во близина на Сицилија, издадени предупредувања за цунами, евакуирани училишта

Во јужниот дел на Тиренското Море се регистрирани серија земјотреси, од кои најсилниот бил со магнитуда од 5,5 степени според Рихтеровата скала, по што е издадено портокалово ниво на предупредување за цунами, додека училиштата и канцелариите се евакуирани во Палермо.

Според податоците на Националниот институт за геофизика и вулканологија на Италија, најсилните земјотреси со магнитуда од 5,5, 3,6, 4 и 4,3, се регистрирани во рок од неколку минути.

Вкупно 25 сеизмички активности се регистрирани во областа, почнувајќи од 11 часот наутро, пренесува АДН Кронос.

Back to top button
Close