СТО ГРАНИЦИ

Нема ништо патриотско во тоа да одбиваш да се занимаваш со реалниот проблем што стои пред твојата држава.

Најдепресивно ми е што повторно ја живееме 2008 година, кога по грчкото вето за НАТО во Букурешт, со Владата на Никола Груевски кој одбиваше да се соочи со реалноста и да бара решение, влеговме во 11-годишно владеење на авторитарна, олигархиска власт, со многу патриотски говори, многу споменици и многу малку европска перспектива.

Сега пак имаме Влада што одбива да се соочи со реалноста. Пак секој ден слушаме лекции за патриотизам. Ги гледаме како надвор плачат зошто не нè примаат, а дома се јуначат дека нема да попуштат ниту еден милиметар. И ни делат поуки дека треба да раѓаме повеќе деца, оти нема да има кој да работи за овој балкански економски џин. За што да ги раѓаме? За да земаат бугарски пасоши и сами да заминуваат во Европската Унија како Бугари?

 

Всушност, со владите на ВМРО-ДПМНЕ имаме историски континуитет на негирање на реалноста. Никогаш на дело не се покажале кога требало да се биде за ЕУ. За сите тешки одлуки што требаше да се донесат се правеа „на тошо“ и обвинуваа за предавство.  Беа против приемот во Обединетите Нации под привремената референца ФИРОМ. Беа против компромисот за името што нè внесе во НАТО, а сега ги користат придобивките од тоа „предавство“.

Две години се на власт и уште се занимаваат со одлуките на претходната власт. А нивна одлука за излез од сегашната блокада не видовме.

Нема ништо патриотско во тоа да одбиваш да се занимаваш со реалниот проблем што стои пред твојата држава.

И дај, нека ја примат барем Црна Гора во Европската Унија. Можеби тоа ќе ни ја врати надежта и нам. Дека еве, можело. Дека проширувањето ќе заврши со вистински прием, со вистинско членство и дека компромисите кои се болни на крајот ќе те седнат на масата на која се носат одлуки. Нека ја примат Црна Гора и веќе нека не ја тупат

Целата колумна на Горан Михајловски на  СДК.МК

Back to top button
Close