Го нападна татко му, па со автомобил се обиде да го истурка од патот
МВР информира дека вчера попладне во 14:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Г.Т.(56) од Штип.

Според пријавеното, во саботата, по кратка расправија, физички го нападнал неговиот 79-годишен татко, кој потоа се обидел да побегне со возило, по што Г.Т. го следел со неговото возило и го удрил со намера да го исфрли од коловозот.
Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава






