Три лица загинаа, а 12 се повредени при пад на хеликоптер на ЕУФОР во БиХ


Три лица загинаа, а 12 се повредени при пад на воен хеликоптер на силите на Европската Унија (ЕУФОР) денеска во Брчко, во северниот дел на Босна и Херцеговина, соопштија официјални лица. Јасмин Механовиќ, директор на Здравствениот центар во Брчко, изјави пред новинарите дека едно од повредените лица се наоѓа во животнозагрозувачка состојба.

ЕУФОР потврди дека едно од нивните летала се урнало за време на рутинска операција во регионот на Брчко.

На местото на несреќата веднаш биле испратени полициски екипи, пожарникари и екипи на итната медицинска помош. Областа е обезбедена, а снимките објавени во медиумите го покажуваат целосно уништениот хеликоптер.

Властите сè уште не соопштуваат колку лица точно имало во хеликоптерот, ниту ги откриваат идентитетот и националноста на загинатите и повредените.

Back to top button
Close