(Видео) Народна банка на Македонија го презеде управувањето со Алта банка АД Битола – објави гувернерот Славески Граѓаните ќе можат да подигнуваат само 10.000 денари неделно

Извршниот одбор на Народната банка донел одлука со која се воведува администрација во Алта банка АД Битола – објави на вонредна прес-конференција гувернерот на Народната банка на Македонија, Трајко Славески. Тоа значи дека управувањето со банката го преземаат лица определени од Народната банка на Македонија. Мерката е веќе во сила и е од привремен карактер.
Со цел зачувување на имотот на банката, во следните денови ќе важат одредени ограничувања за плаќање од сметките на клиентите на банката. Определен е неделен лимит за одлив од сметките на физичките лица во износ од десет илијади денари.
Претходно, Народната банка на Србија и ја одзеде дозволата на Алта банка, која е мнозински сопственик на Алта банка Битола. Давор Мацура, сопственикот на српската Алта банка, пак, е во управувачките органи на двете банки.






