Навивач со удар во глава онесвестил дете пред С.Ц. ,,Јане Сандански”, обвинителство бара да оди во притвор

Од скопското обвинителство информираат дека е поведена постапка за насилство против навивачот кој повреди малолетник пред влезот на С.Ц.,,Јане Сандански”.

-Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 4 и став 1 од Кривичниот законик.

Во конфликт меѓу навивачки групи пред влезот на С.Ц „Јане Сандански“ осомничениот задал удар во глава на дете од спротивниот табор. Оштетеното дете од ударот се онесвестило и паднало на земја и со контузија на главата било пренесено во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, велат од Обвинителството.

Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците на настанот кои треба да бидат сослушани, но и да го повтори делото, јавниот обвинител предложи на осомничениот 20-годишник да му биде определена мерка притор.

Back to top button
Close