Ковачки: Од ДУИ успеаја да донесат многу луѓе од надвор кои не живеат тука

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки вечерва во Брвеница му честиташе на кандидатот на ДУИ за градоначалник на Општината, Аркин Јахиј и посочи дека разликата со нивниот кадидат Стојанчо Радичевски е околу 200 гласа.

– Би сакал да им честитам на противниците кои остварија победа во овој изборен циклус. Некогаш против бројките не се може, бројките се тие што се. Успеаја да донесат многу луѓе од надвор кои не живеат тука, кои живеат надвор од границите на оваа тактовина, меѓутоа гласаа за кандидатот на ДУИ – изјави Ковачки.

Back to top button
Close