Си-би-ес: Трамп размислува за смена на министерот за одбрана


Претседателот на САД, Доналд Трамп разговарал со соработниците за евентуална смена на министерот за одбрана, Пит Хегсет, објави Си-би-ес (CBS) повикувајќи се на неименувани извори.

Како евентуален наследник на Хегсет се спомнува гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис.

Портпаролката на Белата куќа, Ана Кели, ги отфрли извештаите за можно разрешување, нагласувајќи дека Трамп има „целосна доверба“ во Хегсет.

Некои од соработниците на Трамп оцениле дека дел од одговорноста за изборниот пораз на републиканците треба да сносат командантот на Централната команда на САД (ЦЕТКОМ) адмирал Бред Купер и началникот на Здружениот генералштаб, генерал Ден Кејн, ко имаа значителна улога во дефинирање на насоките за војната во Иран.

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс претходно на Икс објави дека војната е причина за изборниот пораз на републиканците.

– Причината зошто изгубивме е војната. Претседателот самиот го кажа тоа синоќа. Ако сакате да тврдите дека вредеше, дека губењето на Сенатот во следните шест години беше разумна цена, тогаш кажете го тоа. Тврдите дека тоа беше цена што вредеше да се плати. Без оглед дали се согласувате со тоа или не, тоа е барем фер. Но, секој знае зошто изгубивме. И секој искрен разговор за тоа каде одиме понатаму мора да започне со тоа, истакна Венс на Икс.

Back to top button
Close