Путин потврди дека трилатералните преговори за Украина почнуваат на 10 ноември во Абу Даби

Трилатералните преговори меѓу Русија, САД и Украина за прашањата поврзани со украинската криза ќе започнат во вторник, на 10 ноември, во Абу Даби – соопшти денеска рускиот претседател Владимир Путин.
– Следната недела, во вторник, треба да започнат трилатералните преговори за украинското прашање во Обединетите Арапски Емирати, за што сме благодарни на раководството на Обединетите Арапски Емирати – рече Путин на почетокот од состанокот со постојаните членови на Советот за безбедност на Русија.
Тој нагласи дека раководството на Обединетите Арапски Емирати доследно ѝ помага на Русија во изнаоѓањето решение за украинската криза како и во решавањето на хуманитарните прашања поврзани со размената на заробеници.
Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков претходно соопшти дека трилатералната средба меѓу Русија, САД и Украина е планирана за 10 и 11 ноември во Абу Даби. Според него, претстојните преговори ќе бидат посветени на безбедносните прашања и безбедносните гаранции, а ќе се одржат зад затворени врати.






