Левица: ДПМНЕ и Орце го вратија поранешниот портпарол Арсовски како директор на МКЦ

🚨ДПМНЕ и Орце Ѓорѓиевски продолжуваат да се однесуваат ненаситно и Градот да го третираат како партиски плен! По скандалозните избори на членови во одборите, до Левица пристигнуваат информации дека поранешниот портпарол на ДПМНЕ, Димче Арсовски, е новопоставен директор на Младинскиот културен центар.
‼️МКЦ, кој важи за симбол на независната културна сцена, младинскиот бунт и слободното творештво, сега се соочува со уште едно кадровско решение за кое јавноста заслужува одговор: Со какво искуство во културата, менаџерски резултати и со каква развојна програма Арсовски е именуван да раководи со оваа институција? Неговата јавно позната биографија е исклучиво партиска и никако културна. Портпаролското искуство и годините поминати во партиските структури не можат да бидат замена за професионалните квалификации потребни за раководење со и онака кревка установа како МКЦ.
⚠️Пред сѐ, крајно поразително е што оваа брутална партизација дури и на културните установи се случува во очи на „Скопје 2028“, кога главниот град треба да ја понесе титулата Европска престолнина на културата, а дополнително што ова се случува со институција која со години се соочува со финансиски и кадровски проблеми. Наместо сериозна обнова и враќање на достоинството на културните работници, градската власт на Орце и ДПМНЕ повторно го отвора прашањето за партиската контрола врз културата. МКЦ има потреба од раководство што ќе ја обнови неговата програма и ќе ја заштити независноста на институцијата, а не од кадровска политика во која партиската биографија има предност пред културната.
🗣️Бараме Орце Ѓорѓиевски веднаш да се произнесе по ова кадрово решение.
📣Дополнително, најавуваме дека во наредниот период Левица со особен фокус на културата ќе објавува скандалозни информации






