(Видео) „Стоп за фемицидот“ – мирен протест во Богданци по трагичната смрт на Билјана


Жители на Богданци, Гевгелија и околните населени места вечерва се собраа во Градскиот парк во Богданци на мирен протест во спомен на 17-годишната Билјана Кириќ, која беше убиена пред три дена.

Со запалени свеќи, положено цвеќе и транспаренти со пораките „Стоп за фемицидот“, „Гласни против насилството“ и „Молкот е соучесништво, одбивам да молчам!!!“, присутните повикаа на прекинување на насилството врз жените и поголема одговорност од институциите. На собирот беа и соученици, пријатели и сограѓани на девојката.

Една од главните пораки на протестот беше дека насилството не смее да се премолчува, особено кога претходно биле пријавени закани или случаи на насилство.

Back to top button
Close