Вознемирувачко видео од Крива Паланка: Коза врзана и качена на покрив од автомобил

Вознемирувачко видео се споделува на социјалните мрежи, на кое, според описот на објавата, се гледа коза качена на покрив од автомобил, врзана и беспомошна.
Објавата предизвика реакции и осуди поради односот кон животното, а во описот на објавата прашува до кога ќе продолжат ваквите случаи на малтретирање животни.
„Пред некое време кучето, а сега коза е качена на покрив од автомобил, беспомошна, врзана и ја малтретираат. Па луѓе, што ви е? Какво задоволство наоѓате во малтретирање животни?“, се наведува во описот на видеото.






