Мицкоски: Знаеле кој е Мацура, документите потврдуваат – Владата на СДСМ носи одлука за деловен однос со Алта банка

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во Тема на денот во дневникот на телевизија Сител истакна дека опозицијата точно знаела кој е Давор Мацура, документите потврдуваат дека Владата предводена од СДСМ во 2023 година носела одлука за деловен однос со Алта банка и со тоа се покажува нивното лицемерие, информира Владата преку соопштение Претседателот на Владата Христијан Мицкоски во Тема на денот во дневникот на телевизија Сител истакна дека опозицијата точно знаела кој е Давор Мацура, документите потврдуваат дека Владата предводена од СДСМ во 2023 година носела одлука за деловен однос со Алта банка и со тоа се покажува нивното лицемерие, информира Владата преку соопштение што МИА го објавува интегрално.

„Со оној документ од 2023 година во којшто на владина седница тогаш коалиционите партнери СДСМ и ДУИ влегуваат во, би рекол, условно кажано деловни односи со Алта банка Србија, односно со лицето Давор Мацура, јасно го потврдува нивното лицемерие и двојни стандарди кога зборуваат за тоа што се случуваше досега“, потенцира премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски појасни дека документот ја побива тезата на СДСМ и ја покажува вистината односно дека токму дека Владата на СДСМ влегла во бизнис зделка со Мацура и Алта банка.

„Нивната теза беше дека ние сме имале лични врски со лицето Давор Мацура, кој бил личен банкар на Александар Вучиќ итн. И тие не го познавале лицето Мацура, Алта банка, тоа беше нивната теза. Што е документот од 2023 година, кој денеска го презентирав и којшто се појави на некој од медиумите. Тоа е документ во кој Владата, на предлог на тогашниот министер за финансии, на седница со која претседава тогашниот претседател на владата Димитар Ковачевски, носи одлука да го овласти државниот правобранител да ја застапува во процесот каде македонската влада отуѓува сопствени акции на Алта банка односно лицето Давор Мацура. Дали биле принудени или не биле принудени и тоа не е така и тоа не ја намалува погрешната теза дека оваа Влада влегла во бизнис зделки со Мацура и Алта банка“, нагласи премиерот Мицкоски.

Премиерот Мицкоски додаде дека вистината е дека претходната влада, па нека биде принудена е таа којашто влегла во деловни односи со Алта банка и лицето Давор Мацура, а не оваа Влада.

„Ние не можеме да влеземе, затоа што станува збор за сопственици на акции на Стопанска банка АД Битола и Алта банка – Србија, која од приватните сопственици купува акции, не од владата. А претходната влада точно знаела за лицето Мацура, за Алта банка – Србија“, изјави премиерот Мицкоски.

Во врска со тоа дали оваа Влада дала дозвола, премиерот Мицкоски појасни дека владата не може да дозволи или да не дозволи должничко доверителски односи или купопродажба на банка помеѓу две приватни лица, да се одобри или да се спречи.

„Ние сме Влада и сме надвор од тој процес. Доколку се испочитувани законските одредби, правилата, прописите ние само можеме да го следиме тој процес однадвор, бидејќи не сме таа страна која може да дозволува или не дозволува. Таман работа ако државата се вплетка во бизнис одлуки на приватни компании, тогаш немаме пазарна економија“, вели премиерот Мицкоски.

Вели дека на денешната надзорна расправа во Собранието сите лаги на СДСМ, кои ги ширеа се распрснаа, бидејќи ниту Црна Гора, ниту австрискиот регулатор не ја блокирал банката поради руски капитал како што тврдеа од опозицијата.

„Црна Гора направила уште полошо. Тие ја прифатиле Алта пеј, тоа е платежен систем. Уште полошо е. Јас не знам дали Алта банка изразила желба да влезе на црногорскиот пазар или на друг тип пазари и не ме интересира. Мене ме интересира што се случува на македонскиот пазар, но бидејќи во изминативе денови прилично навлегов во материјата можам да кажам дека австрискиот регулатор дозволил лицето Давор Мацура да се стекне со нешто помалку од 10% од Адико банката или таа порано беше Хипо Алпе Адриа банка и подоцна да влезе во деловни одности со Рајфајзен банка. Сите ние ќе се сложиме дека Рајфајзен банка е една од најмоќните банки во регионот. Така што, обидот да се политизира и да се создаде политичка тема на којашто тие мислат дека ќе профитираат денеска се распрсна како меур од сапуница“, нагласи Мицкоски и додаде:

„Затоа јас најљубезно ги замолив. Најљубезно ве замолувам, доколку не знаете или не сакате да помогнете барем оставете не да најдеме начин да го решиме проблемот. Од денешна перспектива јас сум убеден дека ќе најдеме начин да го решиме проблемот да можеме да спасиме тоа што може да се спаси, односно да видиме од вработените, луѓето коишто се доверители и банката да може да си продолжи да си работи“.

Во врска со тоа во кое својство се меша во изнаоѓањето на купувач за Алта банка Мицкоски рече дека како премиер кој ја добил довербата од 600 илјади граѓани ќе стори сѐ за да го реши овој или кој било друг проблем којшто ќе го забележи или антиципира.

„Јас навистина не можам да ги сфатам овие плитки тези. Кој е премиерот? Претседател на Влада којшто добил легитимитет од 600 илјади граѓани и сѐ ќе сторам што можам, проблем којшто се создава да го решам. Дали јас имам формално право да бидам овластен од некој орган да продавам или да купувам банки, немам, но како претседател на Владата, кога гледам дека има проблем или потенцијален проблем ако антиципирам сѐ ќе сторам за да го решам тој проблем“, потенцираше Мицкоски.

Back to top button
Close