СДСМ: Власта со ситни игранки не дозволи опозициски пратенички прашања во Собранието

Колку многу е уплашена власта на Мицкоски се виде денеска и во македонското Собрание. Со ситни игранки, барање пауза и од нивниот сателит ЗНАМ и со прекршување на деловникот не дозволија опозициски пратенички прашања, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренедсува интегрално.
Претседателот на Собранието Африм Гаши паузите ги пресмета во времето од два часа за седницата и со тоа пропаднаа пратеничките прашања.
Не беше поставено ниту едно прашање.
Мицкоски и неговата организирана криминална група се плашат од вистината.
Паниката е огромна.
Откако Мицкоски вчера беше фатен жив како лаже на надзорната расправа за Алта банка, откако на сите им е кристално јасно дека тој и Трајко Славески се главни виновници кои ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ во Македонија.
Никако да им стане јасно дека бегање од вистината нема и таа ќе исплива на површна.
А потоа следува и одговорност.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ






