Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Големи промени во одбранбената и безбедносната политика најавува Студентската листа во Србија, по изборната победа. Меѓу главните предлози се прекинување на испораките на оружје за Израел, откажување од враќањето на задолжителниот воен рок, зголемување на воениот буџет и темелна проверка на работата на Безбедносно-информативната агенција (БИА).

Screenshot

Најавите предизвикаа реакции од досегашниот претседател Александар Вучиќ, кој предупредува дека откажувањето од воени партнерства и задолжителното служење воен рок може да ја ослабне одбраната на земјата. Сепак, програмата на студентското движење предвидува зголемување на вложувањата во армијата до пет проценти од бруто-домашниот производ, професионализација и модернизација на вооружените сили.

Една од најспорните најави е прекинувањето на трговијата со оружје со Израел. Претставникот на студентското движење Филип Убовиќ изјавил дека оваа мерка е дел од програмата, критикувајќи ја досегашната воена соработка со Израел, вклучително и отворањето фабрика за беспилотни летала во Белград. Како една од причините за преиспитување на односите ги посочил случувањата во Газа.

Вучиќ, од друга страна, смета дека Србија не треба да се откажува од соработката со земји што располагаат со напредна воена технологија, меѓу кои ги спомена Израел и Кина.

Промени се најавуваат и во однос на воениот рок. Наместо задолжително служење во траење од 75 дена, Студентската листа предлага доброволна шестмесечна служба. Планот предвидува годишно да се привлечат околу 3.000 доброволци, со месечен надомест од најмалку 20.000 српски динари и признаен работен стаж. Се очекува од 25 до 30 проценти од нив да преминат во професионалниот состав на армијата.

…

повеќе

Back to top button
Close