Две лица со автомобил се обиделе да прегазат полицајци во Чегране
Полициска акција во гостиварското село Чегране завршила со приведување на тројца мажи, откако кај еден од нив била пронајдена бела прашкаста материја, а двајца други се обиделе со автомобил да ги прегазат полициските службеници.

Случајот се случил на 12 ноември околу 20:35 часот, кога полицијата го запрела и го прегледала возилото „Мицубиши“ управувано од 26-годишен жител на Чегране. При контролата била пронајдена и одземена бела прашкаста материја, а подоцна, при претрес на неговиот дом со судска наредба, била пронајдена дополнителна количина од истата материја.
Но, полициската акција добила и опасен пресврт. Додека службените лица преземале дејствија пред домот на 26-годишникот, пристигнало возило „БМВ“ во кое биле двајца жители на селото, на возраст од 24 и 35 години.
Според информациите од МВР, тие со автомобилот се обиделе да ги прегазат полицајците, а воедно им упатиле и закани по животот, по што избегале од местото.
По преземените полициски мерки, двајцата набргу биле пронајдени и приведени.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни кривични пријави






