Новите измени на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно, најави Мицкоски

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата ги испратила во Брисел предлог-измените на Кривичниот законик и Законот за кривичната постапка, нагласувајќи дека тие ќе се применуваат само за идните случаи, а не ретроактивно.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал и да обезбеди политичка амнестија за поранешни структури на ВМРО-ДПМНЕ.

 

— реклама —

 

Тој посочи дека лицата за кои постојат сомневања за криминал во периодот на претходната власт и понатаму ќе можат да се повикуваат на поповолниот закон, односно на законските измени донесени во времето на СДСМ и ДУИ.

 

— реклама —

 

LANDOV Петров тврди: Филипче му рекол на Станковиќ дека мора да нè напаѓа за да го задржи членството

„Овие измени коишто сега ги носиме се за отсега па натаму. И нема да важат ретроактивно“, нагласи Мицкоски.

Премиерот додаде дека новите законски решенија ќе важат за актуелната и идните влади, доколку тие не одлучат повторно да ги менуваат законите. Тој ги обвини СДСМ и ДУИ дека со претходните измени го ослабнале владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата

Back to top button
Close