Прегазени двајца велосипедисти
Двајца велосипедисти се здобија со тешки телесни повреди во две посебни сообраќајни несреќи што се случија вчера во Скопје и во Охрид, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Вчера околу 11:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Перо Наков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.А.(58) од Скопје и велосипед управуван од Д.Ј.(63) од с.Трубарево, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Исто така вчера во 11:20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на сервисна улица во поранешен комплекс Отекс се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ф.С.(47) од Струга и велосипед управуван од 73-годишната Б.С. од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.С., констатирани во Специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид






