Полицаец експресно ќе може да избрка семеен насилник од дома, дури и ако тој е газда на имотот, најави Тошковски

Тој додаде дека измените на Законот, кои се во собраниска процедура, предвидуваат законска можност за воведување на вакви алки, а во иднина ќе се прави анализа за тоа кој ќе ги има надлежностите околу алките, колку од нив ќе се купат и ќе се стават во функција, а дополнително ќе треба да се донесат и правилници и подзаконски акти. Тошковски потенцираше дека најважно за справувањето со семејното насилство во Македонија е тоа да има заеднички општествен договор дека ова општествено зло ќе се третира како приоритет од сите општествени чинители.
Според анализата на МВР, од 2021 до 2025 година регистрирани се 5.537 кривични дела од семејно насилство, 5.699 сторители и 5.890 жртви. На годишно ниво се бележат просечно околу 1.107 кривични дела, а просекот на дневно ниво изнесува по три кривични дела и најмалку по три жртви. Најзастапени кривични дела при вршење семејно насилство се телесна повреда и загрозување на сигурноста.
…
Повеќе






