Во канцеларија му се закануваше на обвинител во Гостивар, па со нож нападна судски полицаец
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.Ј.(30) Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

Пријавениот, насилно влегол во канцеларија на јавен обвинител во ОЈО Гостивар, упатувал закани, а потоа во ходник во Основен суд Гостивар со остар предмет нападнал судски полицаец






