Русија демантира дека е договорено учество на европските држави во преговорите за Украина

Министерството за надворешни работи на Русија денеска соопшти дека не е запознаено со никаков договор постигнат со САД за вклучување на европските земји во разговорите за прекин на војната во Украина.

– Колку што е информирано Министерство за надворешни работи, ова прашање не било дискутирано за време на преговорите со Стив Виткоф и Џаред Кушнер во Москва, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.

Претходно, претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта изјави дека Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Полска, заедно со институциите на ЕУ, ќе ја претставуваат Европа во евентуални мировни преговори помеѓу Русија и Украина.

– Ги поздравуваме сите дипломатски напори насочени кон доведување на Русија на преговарачката маса. Се надеваме дека тоа ќе донесе конкретни резултати, наведе Кошта на неформалниот состанок на лидерите на Европската Унија во Даблин.

Американскиот специјален пратеник Џаред Кушнер, синоќа по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Даблин, изјави дека Русија и Украина се согласиле во следната рунда преговори да бидат вклучени европските држави.

Не можеме да го постигнеме овој договор без Европејците да учествуваат во преговорите, наведе синоќа Кушнер, додавајќи оти рускиот претседател Владимир Путин „е подготвен да се обиде“.

Back to top button
Close