Нов обвинител ќе го води предметот за нападот врз девојката во Охрид
Смена на обвинителскиот тим што постапува по случајот со насилството врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска во Охрид.

Порталот „Охрид1“ објави дека предметот е одземен од досегашниот јавен обвинител Стојанче Арнаудоски, а истиот понатаму ќе го води обвинителката Викторија Коваческа Мандулоска, од Основното јавно обвинителство Охрид.
Информациите се дека прераспределбата се случува во период кога случајот предизвика силни реакции во јавноста и барања за целосно и непристрасно утврдување на сите околности.
Порталот објави дека наводната причина за одземањето на предметот е блискоста на обвинителот Арнаудоски со семејството Корабоски.
Информации засега не се потврдени





