Роберт Патинсон е новиот Џејмс Бонд

Британскиот актер Роберт Патинсон ќе ја преземе улогата на Џејмс Бонд во следниот филм за британскиот шпион, ставајќи крај на долгогодишните шпекулации за иднината на 007, јавува ДПА.
Тој ќе го замени Даниел Крег, кој ја презеде улогата во филмот „Казино Ројал“ (Casino Royale) во 2006 година, а се повлече по својот петти филм, „Нема време за умирање“ (No Time To Die), во 2021 година.
Следниот филм за Бонд е моментално во фаза на развој. Минатата година беше објавено дека сценариото ќе го напише Стивен Најт, креаторот на серијата „Пики Блајндерс“ (Peaky Blinders).
Режисерот на „Дина“ (Dune), Дени Вилнев, ќе го режира филмот – кој сè уште нема наслов, а моментално се нарекува „Бонд 26“ (Bond 26) – додека продуценти ќе бидат Ејми Паскал и Дејвид Хејман, потсетува ДПА.






