Ја давел и ја удирал девојката во домот, Обвинителството бара притвор за битолчанецот кој на полицајците им избега низ прозорец

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против маж осомничен за телесна повреда на својата девојка, која, според наводите на Обвинителството, ја нападнал во нивниот дом на 10 ноември.

По расправија, осомничениот започнал да ја дави жената, а потоа со тупаници и шлаканици ја удирал по главата и телото.

Јавниот обвинител до Судот доставил предлог за определување притвор, наведувајќи дека постои опасност осомничениот да го избегне кривичниот прогон. Како особено значајна околност е посочено дека тој, откако дознал дека е пријавен, избегал од полициска станица, што, според Обвинителството, може да го загрози непреченото водење на постапката.

Back to top button
Close