Планирани прекини на струјата во Илинден, Петровец, Ѓорче Петров и Центар

Повеќе локации во општините Илинден, Ѓорче Петров и Центар денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето, информираат од ЕВН Македонија АД.

Во периодот од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат потрошувачите на патот кон фармите во Јурумлери, на улицата „27“ во Илинден, како и околните фирми на истата улица.

Од 09:00 до 16:00 часот прекин во снабдувањето ќе има во Петровец, кај училиштето и поштата, како и кај Еуроиталија, во селото Ржаницино, Радио Фар Ржаницино, Иванов Ржаницино и Маклаб Ржаницино.

Во општина Ѓорче Петров, од 09:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе биде дел од улицата „Анастас Коцарев“.

Во општина Центар, од 12:00 до 15:00 часот прекин ќе има за дел од корисниците на улицата „11 Октомври“ бр. 46.Од ЕВН посочуваат дека прекините се однесуваат на наведените локации и временски периоди

Back to top button
Close