Се урна авион на српската армија

Воен авион се урна денеска на север во Србија, на поле помеѓу Нова и Стара Пазова. Станува збор за авион на српската армија, а според неофицијалните информации од српските медиуми, станува збор за борбен авион МиГ-29.

Засега нема информации за повредените или за судбината на пилотот. Не е познато што го предизвикало падот на авионот, а неговиот тип сè уште не е официјално потврден.

МиГ-29 е советски борбен авион со два мотора развиен во текот на 1970-тите, првенствено за борба против други авиони и заштита на воздушниот простор. Беше ставен во оперативна употреба на почетокот на 1980-тите, а неговите различни верзии сè уште ги користат бројни земји денес.

 

Back to top button
Close