Приведен 18-годишник од тетовско, осомничен за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“
Осумнаесетгодишник од тетовското село Радиовце е лишен од слобода под сомнение дека испратил лажна дојава за поставена бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

Од МВР информираат дека на 17 ноември, во периодот од 5:45 до 7:25 часот, полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом и помошните простории. Во акцијата учествувале припадници на Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане.






