Народната банка на Србија ја затвора „Алта лизинг“: Одземена дозволата, започнува ликвидација

Одлуката за одземање на дозволата за работа на „Алта лизинг“ и започнување постапка за ликвидација ја донесе Народната банка на Србија, по претходното одземање на дозволата за работа на „Алта банка“, која е единствен сопственик на лизинг-друштвото.

Од НБС соопштија дека „Алта лизинг“ не е банка и не прима депозити од граѓаните и компаниите, па одлуката нема да влијае врз стабилноста на финансискиот систем на Србија.

Според анализата на Народната банка, имотот на друштвото ја надминува вредноста на неговите обврски, поради што се исполнети условите за ликвидација наместо стечај. До отворањето на постапката пред надлежниот стопански суд, на друштвото му е забрането да располага со својот имот.

По уписот на решението, „Алта лизинг“ нема да може да склучува нови договори, но постојните договори и обврски остануваат во сила. Корисниците на лизинг и другите должници мора редовно да ги подмируваат ратите според претходно договорените услови.

Функцијата ликвидационен управник ќе ја преземе Агенцијата за осигурување депозити. Од НБС посочуваат дека корисниците на лизинг треба да продолжат со уплатите на досегашната сметка во АИК банка, со наведување на постојниот повикувачки број или бројот на договорот.

Back to top button
Close